СПИНАЛНА ДЕКОМПРЕСИЈА
Спиналната декомпресија е неинвазивна терапевтска метода која се користи за третман на болки во грбот и состојби на рбетниот столб.

Спиналната декомпресија е неинвазивна терапевтска метода која се користи за третман на болки во грбот и состојби на рбетниот столб.Оваа терапија функционира на принцип на зголемување на просторот помеѓу пршлените, со што се намалува притисокот на нервите и се намалува мускулната напнатост.
Техниката на спинална декомпресија во Garden Inn Medical се изведува со помош на најсовремен копјуетрско-автоматски стол за декомпресија водена од наши специјалисти.
Оваа терапија е често користена за лекување на состојби како што се дискус хернија, дископатија, ,болка во грбот и вратот, и болки во ногата кои произлегуваат од притисок на нервите.
Важно е да се има во предвид дека спиналната декомпресија не е соодветна за сите пациенти, па е важно да се консултирате со квалификуван здравствен специјалист пред да ја започнете оваа терапија.